fbpx

Иванов денеска ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

-

Денеска, во рамки на посетата на Брисел, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, со кого се очекува да разговара за интеграцијата на Македонија во Европската унија и во НАТО, како и за актуелните состојби поврзани со мигрантската и со бегалската криза.

Иванов вчера во Брисел оствари средба со потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, на која се осврнаа на предизвиците со кои се соочува земјата поради мигрантската криза, како и на актуелната безбедносна состојба на европскиот континент.

Македонскиот претседател го информираше Тимерманс дека од почетокот на кризата земјата се потпира на сопствени ресурси, додека помошта од Европската унија изостанува, а во таа насока Иванов од европскиот челник побара неодложна техничка и финансиска помош за Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...