fbpx

Премиерот Груевски во посета на Кина

-

Премиерот Никола Груевски заедно со владина делегација, во чиј состав се вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и заменик-министерот за економија, Христијан Делев, се во неколкудневна посета на Народна Република Кина.

Претседателот на македонската влада ќе учествува на 4. Самит на шефови на влади на земјите на Централно-источна Европа и НР Кина (16+1) и 5. Економско-трговски форум во Суџоу, кој ќе се отвори денеска, а на кој се очекува да присуствуваат повеќе од 1.000 претставници од бизнис-секторите на 16-те земји од државите од ЦИЕ и од Кина.

Самитот ќе го отвори премиерот на НР Кина, Ли Кечианг, а на него освен од Македонија, ќе учествуваат делегации од Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Чешка, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и од Албанија.

Иницијативата за самитите произлезена од Кина, која потекнува уште од 2012 година, во основа се состои од волјата за соработка, вложување во повеќе конкретни инфраструктурни проекти и за забрзан економски развој.

Во рамките на посетата, планирана е и средба на премиерот Груевски со претседателот на НР Кина, Си Џипинг, како и бизнис-форум во Пекинг каде ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Македонија и потенцијалите со кои располага Македонија, како држава со поволна бизнис-клима.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...