fbpx

Италијанците со песни и цртежи на прозорците се бодрат и борат против паниката од состојбата со корона вирусот (фото + видео)

-

На социјалните мрежи се споделуваат видеа и фотографии, како Италијаните се бодрат меѓу себе, додека целата држава се наоѓа во карантин, бидејќи земјата е најпогодената во Европа од корона вирус и здравствениот систем се наоѓа пред колапс.

Во Италија околу 15.000 лица се заразени од корона вирус и над 1.000 се починати. Загрижувачки е што таа бројка секојдневно рапидно се зголемува. Според последните информации, недостигаат 5.000 лекари и илјадници медицински сестри и друг персонал низ болниците. Лекарите од најпогодените подрачја велат дека бираат кого ќе спасат, бидејќи нема доволно место за згрижување на болните. Светските медиуми јавуваат дека на помош на италијанските лекари пристигнуваат кинеските заедно со медицинска опрема.

Имајќи го предвид предизвикиот со кој се соочува државата, оттука и потребата луѓето да најдат начини како да останат смирени, во овие тешки моменти за земјата.

„Луѓето од мојот град Сиена пејат популарна песна од нивните домови низ една празна улица за да си ги стоплат срцата за време на карантинот во Италија“ се вели во твитот, споделен на социјалните мрежи.

Но, освен со песна Италијаните се бодрат и преку цртежи нацртани од децата. Имено, „Andra’ tutto bene“ e иницијатива на родителите и децата во Италија, на бел лист или чаршав да се нацрта виножито со пораката „Сè ќе биде во ред“ да се стави на прозорец или тераса, со цел да се намали паниката меѓу луѓето во земјата. Овие цртежи се сподлуваат од македонски државјани кои живеат во Италија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.