Истражување: Министерствата и општините најмалку информации објавуваат за финансиите

-

Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер изработен во март 2019 година, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините.

„Активната транспарентност на министерствата и на општините и во 2019 година останува на ниско ниво, иако е порасната во однос на лани. Процентот на исполнетост на обврските за проактивно објавување на информациите кај сите 97 вклучени институции изнесува 56 проценти (од можни 100 проценти) и е зголемен за 12,5 процентни поени во однос на лани (кога просечно изнесуваше 43,5 проценти). Трета година по ред, проактивното објавување информации на министерствата е во пораст и тие се значително подобри од општините кои, пак, по двегодишно влошување, првпат бележат подобрување во активната транспарентност. Просечната активна транспарентност на министерствата изнесува 77,6 проценти, додека на општините 51,7 проценти“, се вели во анализата на Центарот за граѓански комуникации.

Битола го задржа севкупното прво место од лани, додека од министерствата, годинава најдобро рангирано е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на второто место.

„Најмалку информации, и министерствата и општините, објавуваат за финансиите, и тоа министерствата 57 проценти, а општините само 26 проценти од информациите што треба да ги објавуваат. Кога станува збор за одговор на барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер што им беа испратени на сите во ист ден и со иста содржина, општините одговорија во просек за 21 ден (лани за 20 дена), а министерствата за 34 дена (лани за 41 ден). Но, за разлика од лани кога одговорија сите институции, годинава дури 12 проценти од институциите не одговорија на барањата“, се додава во истражувањето.

Индексот на активна транспарентност се реализира во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста

„Кој е следен?“ повика на јавен собир утре на плоштад Македонија во Скопје

Движењето и иницијативата „Кој е следен?“ ги повикува сите граѓани на јавен собир кој ќе се одржи утре на 18ти март на плоштадот Македонија во Скопје со почеток од 18 часот. „Македонија...

МОН со препорака за учениците и родителите да не читаат многу вести за несреќата

Министерството за образование и наука вчера испрати три документи со насоки до средните и основните училишта, кои содржат насоки за училиштата и наставниците, за родителите, и насоки за водење час по...

ЕУ евакуира жртви со изгореници од смртоносниот пожар во Кочани преку механизмот за цивилна заштита

Во раните утрински часови на 16 март, избувна пожар во ноќен клуб во Кочани, при што 59 лица трагично го загубија својот живот, а повеќе од 155 беа повредени. Веднаш по...

Илјадници студенти се собраа на платото на УКИМ – министерката Јаневска исвиркана

Дождот во Скопје не ги спречи илјадниците студенти да се соберат на општествениот кампус на УКИМ за да изразат почит кон настраданите во трагедијата во Кочани, каде животот го загубија 59...

„Кој е следен?“ повика на јавен собир утре на плоштад Македонија во Скопје

Движењето и иницијативата „Кој е следен?“ ги повикува сите граѓани на јавен собир кој ќе се одржи утре на 18ти март на плоштадот Македонија во Скопје со почеток од...