fbpx

Прв состанок на работната група за подготовка на Стратегијата за транспарентност

-

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Фондацијата Отворено општество – Македонија и министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност во Владата, Роберт Поповски, потпишаа Меморандум за соработка со кој ќе се обезбеди поддршка за креирање и имплементација на Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија.

Денеска се одржа првиот состанок на работната група за подготовка на Стратегијата на кој учествуваа организации кои работат на ова поле и можат да ја понудат својата експертиза.

Воведни обраќања имаа министерот за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, директорот за партнерства и развој на ресурси на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Филип Стојановски, извршната директорка на Фондација Отворено општество – Македонија, Фани Каранфилова – Пановска, и меѓународната експертка за транспарентност, Вероника Крету.

Стојановски рече дека според резултатите од Регионалниот индекс за отвореност за Северна Македонија (opennessindex.actionsee.org – дел од регионален проект на Фондација „Метаморфозис“ поддржан од ЕУ) постојат многу значителни разлики помеѓу институциите во врска со нивната отвореност и транспарентност што се должи на фактот дека примената на добрите практики за транспарентност најчесто зависи од добрата волја и посветеноста на министрите како и другите раководни лица. Поради тоа, како што истакна Стојановски, се јавува потребата за системски пристап за изнаоѓање на решение кое нема само да се фокусира на идентификување и реплицирање на добрите практики, туку и на целосниот процес и можностите кои ги има Република Северна Македонија.

Каранфилова – Пановска истакна дека за Фондацијата Отворено општество – Македонија градењето на динамични и толерантни општества, чии власти се отчетни, а граѓаните активно ја контролираат и коригираат работата на власта и учествуваат во донесувањето одлуки, е императив. Креирањето на Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија со директна инволвираност на граѓанското општество и секако нејзината доследна имплементација се чекор напред кон суштински и системски промени за подобрување на животот на граѓаните, особено на припадниците на маргинализираните групи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...