fbpx

Инфлацијата ја принуди Народната банка да ја зголеми основната каматна стапка на 2 отсто

-

Основната каматна стапка е зголемена на 2 отсто, а одлучено е и за умерено зголемување и кај каматните стапки на депозитите преку ноќ и седумдневниот депозит. Ова е епилогот од редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која вчера биле разгледани најновите движења на меѓународните и на домашните финансиски пазари, како и показателите за домашната економија, во смисла на поставеноста на монетарната политика.

Во однос на основната каматна стапка, која е еден од инструментите што ги користи Народната банка, по зголемувањето во април и мај (за по 0,25 процентни поени, соодветно), на јунската седница на Комитетот е донесена одлука за ново зголемување на каматната стапка на благајничките записи за 0,25 п.п., до нивото од 2 отсто.

„На оваа седница на Комитетот беше одлучено да се зголемат и каматните стапки на расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, за по 0,25 п.п. и 0,15 п.п., соодветно, на ниво од 0,40 отсто и 0,45 отсто, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција не се промени и изнесува 10 милијарди денари“, се наведува во соопштението на Народната банка.

Тие очекуваат ваквите мерки да поттикнат промени во каматната политика на банките во насока на пораст на каматните стапки на штедењето во домашна валута и натамошен раст на депозитите кај банките во денари.

Инаку, од Народната банка информираат дека во периодот јануари – мај 2022 година инфлацијата во просек изнесува 9,1 отсто, што е умерено повисоко во однос на нивните последните проекции во услови на поизразен раст на цените на примарните производи на светските берзи.

„Со оглед на повисокиот раст на примарните производи, кој е и подолготраен, присутни се и пренесени ефекти кај поголемиот дел од производите и услугите, така што има забрзување и кај базичната инфлација. Ваквите остварувања дополнително ги подгреваат инфлациските очекувања,што уште повеќе ја нагласува потребата за водење претпазливи домашни политики“, велат во Народната банка.

Девизните резерви се одржуваат во сигурната зона, а притисоците на девизниот пазар од енергетската криза се значително намалени во последните два месеца. Намалувањето на притисоците воедно е одраз и на поволните поместувања на менувачкиот пазар, како и намалената склоност на домашните субјекти за конверзија на домашната валута во странска валута, се наведува во соопштението на централната банка.

Во однос на движењата во реалната економија, во првиот квартал од 2022 година реалниот БДП бележи раст од 2,4 отсто на годишна основа. Анализирано по компоненти, домашната побарувачка има позитивен придонес за растот, во услови на раст кај сите категории. Најизразен раст бележат бруто-инвестициите, што е поврзано со силниот раст на увозот и акумулирањето залихи на суровини и енергенти и влошувањето на веќе нарушените глобални синџири на снабдување и на пазарот на енергија. Како резултат на тоа, нето-извозот има негативен придонес кон растот.

Од аспект на движењата во монетарниот сектор, според првичните податоци за мај 2022 година, годишниот раст на кредитите и натаму е солиден и генерално соодветствува со проектираниот, при поумерен раст кај депозитите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...