fbpx

Индустриското во февруари поголемо за 3,5 отсто во однос на истиот месец лани

-

Индустриското производство во февруари годинава е поголемо за 3,5 отсто во споредба со истиот месец минатата година, додека во првите два месеца од 2020 година, во однос на истиот периодот лани, е зголемено за 1,9 отсто, објави Државниот завод за статистика, ДЗС.

Според податоците, во секторот рударство и вадење на камен во февруари годинава, во однос на истиот месец лани, индустриското забележало раст од 7,7 отсто, во секторот преработувачка индустрија е забележан пораст од 6,6 отсто, а кај снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација имало опаѓање од 13,3 отсто.

Зголемувањето во преработувачка индустрија, според ДЗС, е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство на пијалаци, тутунски производи, текстил, облека, хемикалии и хемиски производи, фармацевтски препарати и друго. Според главните индустриски групи, производството во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, бележи пораст кај интермедијарните производи, освен енергијата за 1,1 отсто, капиталните производи за 10,4 отсто, трајните производи за широка потрошувачка за 6,4 отсто и нетрајните производи за широка потрошувачка за 7 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 7,8 отсто, објави ДЗС.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...