Играта Lord of the Rings: Return to Moria ја враќа заинтересираноста за игри со преживување

Играта Lord of the Rings: Return to Moria ќе излезе на 24 октомври првично на Epic Games Store и чини 36 евра, а во моментов може да се направи и Pre-purchase

Lord of the Rings: Return to Moria -скриншот од Epic Games
Принтскрин од играта

Најновата игра што треба да излезе наскоро од „Светот на Толкин“ е играта Lord of the Rings: Return to Moria, која ја враќа заинтересираноста за игри со преживување со нови механики како опции за сим-градење на бази. Главните ликови во играта се џуџињата.

 

Дејството се случува по „Падот на Саурон“, каде џуџињата ги реотвораат напуштените рудници на Морија изградени од нивните предци. Но, во рудниците сè уште има непријатели, орки, чудовишта и демонски грдосии против кои борењето – односно комбатот во играта е многу добро направено.

Го има и мостот на Казад Дум, каде Гандалф се бори против Барлогот што е фиксна знаменитост како и други карактеристични локации, но самите нивоа, ходници и стази се рандомизирано генерирани кога ќе почнете нова игра. Ако креирате лик-џуџе и играте соло, не мора да креирате друг лик за да играте во група со пријатели и онлајн продолжувате со вашиот оригинален лик. Групите на играчи се со максимум од 7 играчи. Како џуџе, потребно ви е изложување на светлина за да преживеете. Исто така, треба и редовно да се храните и да ги одржувате базите што ги правите во внатрешноста на планината.

Единствениот проблем на игрите со преживување е што мора да се одржува она што сте го постигнале со долго играње, а и негативниот фактор дека сè може да изгубите и да биде уништено. Ова е различно од другите класични RPG игри, каде правите и развивате ликови кои остануваат силни колку што сте ги појачале претходниот пат кога сте ги играле.

Концептот дека џуџината од фантазиските замислени светови и бајки се “кул” се смени со филмовите на оваа тема, од кои два најдобри примери се Гимли од првите филмови на Питер Џексон и ликот на Торин Океншилд од Хобит филмовите. На фановите ширум светот многу им се допадна хуморот, борбеноста и благородноста на Гимли, а Торин испадна вистински добар херој, водач и мастор мечувалец и покрај “златната треска” која ја надминува. 

Една од најпреработуваните и најслушани песни на YouTube од филмовите е песната The Misty Mountains Cold каде има сцена како џуџињата пеат во хор и беше светски хит своевремено.

Во книгата „Силмарилион“, која наскоро ќе биде објавена и на македонски јазик преведена од Ирена Јурчева, џуџињата се опишани како првиот смртен народ или воопшто живи суштества создадени во Средна Земја од Илуватар, но биле долго скаменети во планините пред да се разбудат во светот.

Иако елфите се првите што дејствувале, а на пример орките се корумпирани и извитоперени елфи. Џуџињата се спомнуваат и фигурираат во многу книги од Толкин, особено во оние едиции за историјатот на тој замислен свет – уредени од Кристофер Толкин, синот на Џон Роналд Руел Толкин кој е оригиналниот писател.

Сè уште не се знае каква ќе биде оваа игра, затоа што со минатиот наслов од оваа франшиза „Голум“ доживеа неуспех дека беше набрзина објавена и лошо сработена. Тешко да се процени како ќе помине оваа игра, но сепак е интересен и иновативен концепт за игра со преживување што соодвествува со карактеристиките на џуџињата како рудари, металурзи и правачи на најдобрите оклопи и оружја во “канонот” на Толкин. За други најдобри игри на истата тема имаме и посебен напис овде, како и други написи со претходни вести за Lord of Rings франшизата. 

Играта Lord of the Rings: Return to Moria ќе излезе на 24 октомври првично на Epic Games Store и чини 36 евра, а во моментов може да се направи и Pre-purchase.