fbpx

И средношколците формираат свој пленум

-

Сплотено против реформите кои нè направија експериментални глувци. Да се изјасниме гласно затоа што тишината не е решение! Поттикнати од идејата за основање младинско тело кое на едно место ќе ги обедини сите средношколци од Република Македонија, членовите на Иницијативата за основање Средношколски пленум ја информираат јавноста, средношколците, граѓаните, дека во тек се подготовки за основање „Средношколски пленум“, пишува на фејсбук-страницата на средношколскиот пленум.

Пленумот во основање смета дека законските акти со кои се регулира екстерното тестирање во средното образование во Македонија негативно влијаат врз целокупниот развој и врз напредокот на образованието во државата.

– Застануваме зад ставот дека екстерното тестирање за учениците е само дополнителен притисок врз нив, а преку кое се изразува само необјективното оценување. Тврдиме дека учењето под притисок негативно влијае врз квалитетот во образованието во РМ. Немањето услови е дополнителна пречка за очекуваното „европско“ образование кон кое се стреми државата. Казните за професорите и за наставниците, дополнително влијаат врз притисокот кој се врши над средношколците. За своите ставови, најавуваме аргументација и анализа, со која ќе ги поткрепиме нашите тврдења, но и за тоа зошто македонскиот начин на екстерно тестирање се коси со стандардите за екстерен испит во Европа. Да го вратиме знаењето, да се спротивставиме на притисокот, да се избориме за услови достојни за европското образование кон кое се стремиме. Да го вратиме реномето и честа да се биде средношколец – пишуваат средношколците во нивното соопштение.

Целото соопштение можете да го прочитате на фејсбук-страницата на „Средношколски пленум“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...