fbpx

Хуманитарен концерт за помош на семејствата на загинатите полицајци

-

Средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип организира хуманитарен концерт за помош на семејствата на полицајците што загинаа во неодамнешната акција во Куманово.

На концертот, што ќе се одржи в четврток, на 21 мај, ќе настапат ученици и нивните професори, кои ќе се претстават со изведба на композиции од класичната и од популарната музика, како и со сопствени рецитали посветени на македонските бранители.

Цената на влезницата е 100 денари, но секој посетител, дополнително, може да донира и повеќе средства, односно да плати и поголема сума за билетот со што го зголемува и фондот за поддршка на бранителите.

Организаторот упати апел до штипјани да ја исполнат салата во Домот на културата до последното место за да се оддаде почит на загинатите полицајци и да им се даде поддршка на нивните семејства.

В.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...