fbpx

Хорор во Струмица: 25-годишник силувал 81-годишна жена

Од МВР известуваат дека лицето било задржано во полициска станица Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Струмица и против него ќе биде поднесена кривична пријава

-

Кривична пријава ќе добие 25-годишно лице од Македонска Каменица поради извршено силување на 81-годишна жена во Струмица, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 13.09.2023 во 22.30 часот во струмичко, полициски службеници од Полициското одделение Ново Село го лишиле од слобода А.В.(25) од село Косевица, општина Македонска Каменица. Тој се сомничи дека извршил обљуба врз 81-годишна жена од струмичко“, информираат од МВР.

Од МВР известуваат дека лицето било задржано во полициска станица Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Струмица и против него ќе биде поднесена кривична пријава. Во текот на денот, силувачот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Паралелна конференција на ОБСЕ: Русија е брутална кон Украина, улогата на граѓанското општество е исклучително важна

Демократијата опаѓа во земјите каде што нема простор за активизам на граѓанското општество. Сведоци сме на алармантниот број на вооружени конфликти, во последната година сведочиме како Русија е брутална кон...