Хан потврди дека во февруари повторно ќе дојде во Скопје

-

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, на својот официјален твитер-профил извести дека ќе ја посети Македонија во февруари и потсети дека сите партии треба да имаат конструктивна соработка.

„Поранешна Југословенска Република Македонија: Добредојдени се првите чекори преземени од опозицијата да остане вклучена. Сериозни напори, исто така, треба бргу да направат владеjачките партии за избирачкиот список, Државната изборна комисија и за реформите во медиумите. Конструктивна соработка на сите партии е единствениот пат за да се обезбедат фер и демократски избори. Работата сега мора да се забрза. Ќе се вратам во Скопје во февруари да го прегледам напредокот во подготовките за изборите на ДИК, заедно со меѓународната заедница“, напиша Хан на „Твитер“.

Европратениците Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит, кои посредуваа во разрешување на политичката криза, следната недела во Брисел ќе ја разгледуваат новонастанатата ситуација во Македонија, дознава „Мета“. На средбата е можно да присуствува и еврокомесарот Хан, но засега нема официјална потврда.

Средбата на европратениците доаѓа неколку недели пред посетата на Хан на Македонија.

Европратениците и еврокомесарот за време на нивните последни посети излегоа со различни ставови во врска со спроведувањето на изборите.

Ховит, во интервју за „Телма“, изјави дека се сомнева дека ДИК има доволно време да може да го прочисти избирачкиот список и изборите да се одржат на 24 април. Тој истакна дека не е важно кога ќе се одржат, туку дека е приоритетно тие да бидат кредибилни.

Неколку дена подоцна, Хан не успеа да ги откочи преговорите за отворените точки од Договорот од Пржино. Партиите не успеаја да се договорат за датумот за изборите, а ниту, пак, за прочистувањето на избирачкиот список и за Законот за медиуми. По пропаднатата средба, Хан изјави дека, сепак, има доволно време за да се направат неопходните реформи за кредибилни избори на 24 април.

Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во Паркот „Украина“

Со скромна церемонија, oпштина Чаир денескa во Паркот „Украина“ го организираше поставувањето на скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ – омаж за децата жртви на Холодоморот во Украина (1932–1933) и повик за...

Играта „Wоrld of Warcraft“ ќе може да се игра само со едно копче по новото ажурирање

По новото ажурирање во играта „Wоrld of Warcraft“ познато како Patch 11.1.7, играта ќе може да се игра само со едно копче. Што точно значи тоа? Се однесува на имплементацијата на копче...

ЦИКП: Законот за работно ангажирање на лица се усвои со меѓупартиски консензус

Нашата земја направи исчекор и усвои модерно, инклузивно и праведно решение за формализирање на непријавениот труд. Со Законот за работно ангажирање на лица се поставува формална рамка за препознавање и заштита...

Изработен документ со насоки за заштита на демократијата од информациски закани

Информациските закани и манипулациите со информации се проблем кој влијае врз целото општество и треба да се реши со сеопфатен пристап на целото оштество, а тоа значи - политичка волја, усогласеност...

Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во Паркот „Украина“

Со скромна церемонија, oпштина Чаир денескa во Паркот „Украина“ го организираше поставувањето на скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ – омаж за децата жртви на Холодоморот во Украина (1932–1933) и...