fbpx

Хан: Партиите го почитуваат договореното

-

Со договорот на политичките партии за спроведување на изборите на 11 декември и со почетокот на одбројувањето 100 дена до тој датум, се почитува договорено, како и договорот од јуни-јули минатата година, вели еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, за Радио „Слободна Европа“.

Тој истакнува и дека со изборите не завршува реформскиот процес во Македонија.

– Мислам дека сега сфатија оти се наоѓаат на сериозна точка од развојот на земјата. Но, не се работи само за изборите, туку треба да се имплементираат и итните реформски процеси. Изборите се важни бидејќи тие може да бидат завршеток на одредена фаза, но со нив не се става крај на неопходниот реформски процес и тоа е нешто за кое ние треба да ги потсетуваме сите во земјата – изјави Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...