fbpx

Поповски – Хан: ЕУ ќе преземе поактивна улога околу името

-

Новoименуваниот комесар за претпристапни преговори на Европска Унија (ЕУ), Јоханес Хан, најави дека лично ќе се погрижи околу проблемот за името што го имаат Грција и Македонија. На средбата со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, се разговарало за „извештајот за напредок и што треба да биде сторено“.
– Се договоривме да продолжиме и да ја пружаме потребна помош на нашите служби за дискусија околу уставните промени кои би можело да имаат импакт врз перцепцијата и прифаќањето во Европска Унија. Затоа мислам дека е важно да се има директна размена. Исто така, се договоривме да ги интезивираме односите – истакна Хан.
Тој се осврна и на прашањето за името.
– Сега има повторно преговори, но, исто така, важно е ЕУ да преземе поактивна улога во ова. Тоа е несомнено нешто со што ќе се занимавам, но засега ова е сè што можам да најавам – ништо повеќе, ништо помалку. Бидете сигурни дека Поранешната Југословенска Република Македонија е на врвот на нашата агенда за проширување и би сакал да истакнам дека иако беше најавено дека нема да има нови пристапувања во следните пет години, тоа не значи дека ќе нема преговори. Затоа сум комесар за претпристапни преговори. Важен е квалитетот, а не брзината. Важно е да се промовира економијата и да се подготват идните земји-членки – заклучи комесарот Хан.
Министерот Попоски, од своја страна, изјави дека се разговарало и за приоритетите поврзани со извештајот за напредок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...