fbpx

Груевски се чувствувал загрозен оти странска служба прислушувала

-

Премиерот Никола Груевски денеска, веднаш по лидерот на опозицијата, Зоран Заев, одржа прес-конференција на која зборуваше за случајот „Пуч“ и одговараше на новинарски прашања.

Тој рече дека не прифатил техничка влада под притисок на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Се шпекулираше дека сме прифатиле техничка влада. Ако прифатив, зошто не се вратија во Собрание – посочи Греувски.

Тој истакна дека побарал посебни истражни мерки (ПИМ) за лидерот на СДСМ, откако пријавил во полиција и тоа било сторено со обвинителен акт.

Премиерот истакна дека шпионажата ја вршеле професионалци од висок калибар, кои биле високопрофесионално обучени за такви дејства и дека Македонија била цел на прислушување за странска разузнавачка служба.

– Снимано било со тактичка опрема. Откако Зоран Заев упати закани кон мене, МВР ангажраше странски експерт кој докажа дека непознат сторител во Скопје нелегално снима разговори. Локацијата на снимањето се менувала во радиус од околу два километри, но, главно, се одвивала низ центарот на Скопје, околу државните институции – рече Груевски.

Тој додаде дека опремата за прислушување најчесто била приклучувана во периодот од 12 до 18 часот, посочувајќи дека истрагата околу ова сè уште трае.

– Македонија била цел на прислушување од странска служба, а кон средината на 2014 година, за овие материјали се заинтересирало и лицето Зоран Заев, кој најпрво со нив се обиде да изнуди техничка влада. Директните извршители се уапсени. За останатите ќе следи судска постапка – посочи Груевски на прес-конференцијата.

Во однос на тоа кој ги снимал телефонските разговори, Груевски рече дека лицето З.В. врбувало две лица кои му помогнале во снимањето на материјалите, за што добиле паричен надомест.

– Двете лица го признаа делото. Лицето Ѓ.В., кое вршело висока функција во МВР, откако се соочило со казните на МВР и на Обвинителството за стореното кривично дело, го признало делото и рекло дека З.В. го врбувал лицето З.К., кој бил најискусниот инженер во МВР – изјави Груевски на денешната прес-конференција и заклучи дека „со ова паднале во вода обвинувањата дека владиниот врв стои зад прислушувањата“.

На крајот на прес-конференцијата, премиерот одговараше на новинарски прашања.

На прашањето која е странската тајна служба што прислушувала, Груевски рече дека на нашите служби им е позната, но во интерес на истрагата засега не може да го соопшти тој податок.

За тоа дали ќе бидат поднесени кривични пријави за странските служби и дали нејзините дипломати ќе бидат протерани, Груевски одговори „јас тоа што го имав го објавив“, а на прашањето дали некој ќе понесе одговорност затоа што дозволил некој да ни упадне во безбедносниот систем, односно дали ако ова го направеле странски служби тоа не е доволно некој да поднесе оставка, „сте дозволиле да не прислушуваат, не сте не заштитиле“,Груевски рече дека „важно е тоа што сторителите се откриени“.

Премиерот рече  дека нема да има предвремени избори и дека нема да прифати техничка влада, односно дека „Заев ќе мора да се помачи на избори, со идеи, проекти и со памет“.

Тој смета дека по сите разговори и местенки што ги граѓаните ги слушнаа за судството, „допрва ќе се види колку од тие информации се точни“.

На прашањето во кое својство тој држи прес-конференција, „дали како портпарол на МВР или на Обвинителството“ и зашто говори тој, а не министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, Груевски одговори „Јас така одлучив“, како и дека „кога и дали таа ќе излезе на прес-конференција заедно ќе одлучиме“.

Груевски на директното прашање одговори дека се чувствува загрозен, како и дека кај него се јавувале загрижени потенцијални инвеститори да прашуваат за новонастанатата состојба во Македонија.

Премиерот на прашањето дали ќе прифати странска помош околу решавање на ситуацијата, рече дека секоја добронамерна помош за него е добредојдена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...