fbpx

Груевски на средба со претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол

-

Средба со претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Жозеф Дол, кој е и лидер на најбројната политичка групација во Европскиот парламент, ќе има денеска премиерот Никола Груевски.

Се очекува тие да разговараат за повеќе актуелни теми, прашања од интерес за Република Македонија и за нејзините евроинтеграции.

Премиерот Груевски денеска во Брисел ќе учествува и на редовниот Самит на Европската народна партија, на кој учествуваат шефовите на партии и политички лидери од европската десница, меѓу кои и првите луѓе на Европската комисија и на Европскиот совет, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...