fbpx

Груевски на митингот во Кичево најави субвенции за весниците

-

Оваа влада ќе им помогне на весниците да опстанат во време кога таму каде што немаат поддршка од државата, сè потешко опстануваат, порача на вечерашниот митинг во Кичево, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

– Првпат ќе воведеме субвенции за весниците. Со обѕир на тоа што интернетот пенетрира, а порталите сè повеќе добиваат значење, весниците сè потешко преживуваат. По теркот на Германија, Франција или други држави, каде што државата ги субвенционира весниците за да опстанат, владата од 2018 година ќе воведе субвенционирање на весниците по еден правичен критериум кој дополнително ќе биде објавен – рече Груевски.

Претходно, Груевски на митингот во Македонски Брод му порача на Заев дека федерализацијата и двојазичноста што ги заговара се работи кои го уриваат ткивото на државата и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа сценарио.

– Планови за народот без народот не биваат. Затоа ни се потребни 63 пратеници, бидејќи мора да се стави крај на оваа опасна игра што ја заговара некој друг од надвор. 63 пратеници за зачувување на суверена и стабилна Македонија, 63 пратеници за да нема пазарења и да нема виткање на „кичмата“, 63 Македонци за Македонија опстои онаква каква сите ја сакаме. Кризата мора да заврши, решението на кризата сте вие граѓаните – рече Груевски.

Груевски повтори дека овие избори се референдумски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...