fbpx

Ќе има темелна реконструкција на институциите, порача Пендаровски од Карпош

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од митингот во скопски Карпош го повика на дуел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и градоначалникот на Крапош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

– И од овде го повикам првиот бандит Никола Груевски на дуел. Ако ти е тешко сам, викни го и вториот бандит Ствечо Јакимовски. По наша грешка овде во Карпош победи вториот бандит. Не нè предаде нас, туку својата душа и семејството. Знаете зошто? За пари! Пусти пари! Предавник за пари – рече Заев.

Тој се обрати кон неопределените и побара од нив да гласаат бидејќи, како што рече, последиците за земјата се заеднички за сите.

Носителот на листата во изборната единица еден од СДСМ, Стево Пендаровски, рече дека листата на приоритети на новата влада на СДСМ е долга, но првиот приоритет ќе биде темелна реконструкција на институциите.

Тој рече дека ќе има нулта толеранција за криминалот и за корупцијата во новата влада на СДСМ.

– Тоа значи сите ќе мора прво да одговараат, а по 11 декември СДСМ нема да толерира криминал и корупција во своите редови. Кој и да е, нема да помине неказнето само затоа што е припадник на некое семејство, сите ќе одговараат, зошто ние не сме исти како овие мафијаши. Ако не сме заедно, тие ќе нè потопат целосно, ништо нема да остане од Македонија – рече Пендаровски.

Претходно изборниот караван на СДСМ беше во скопската општина Ѓорче Петров, од каде лидерот на СДСМ, Зоран Заев, исто така го повика Груевски на ТВ-дуел, а доколку не може сам, му порача да си ги земе неговите соработници, Сашо Мијалков, Никола Тодоров и Трајко Велјаноски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...