fbpx

Груевски: Имаме најниски трошоци за почнување бизнис во Европа

-

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска присуствуваше и се обрати на Виенскиот економски форум. На годинешниот настан, покрај македонскиот премиер, присуствуваат и претседателот на Република Австрија, Хајнц Фишер, австрискиот премиер Вернер Фајман и речиси сите премиери од Балканот.

Премиерот Груевски во своето обраќање ја истакна значајноста на самиот форум, посочувајќи дека ваквите настани помагаат во креирање заеднички политики и проекти, кои ќе водат кон економско или политичко интегрирање на земјите од Југоисточна Европа во Европска Унија. Премиерот Груевски во своето обраќање се осврна и на чекорите што Република Македонија ги презема на полето на економијата и на резултатите од нив.

– Земјата има добар економски прогрес, лани завршивме со трет најдобар пораст на БДП во Европа. Во првите шест месеци од 2014 година имаме втор најголем пораст од 4.1 проценти на БДП. Фокусирани сме на макроекономската стабилност, државниот долг е ниско умерен и изнесува околу 40 проценти. Фокусирани сме и кон капиталните инвестиции во инфраструктурата. Во моментот градиме три автопати и пруга кон Бугарија и она што е значајно за инвеститорите, покрај ангажираната работна сила која Македонија ја поседува, е тоа што имаме најниски трошоци за почнување бизнис во Европа – изјави премиерот Груевски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...