fbpx

Грција во агонија го очекува европскиот договор за бегалската криза

-

Грција во неизвесност и во агонија го очекува договорот меѓу Европската Унија и Турција околу бегалската криза. Грчката влада притиска и се надева товарот за бегалската криза по денешниот потенцијален европско-турски договор да падне на Турција, а не целосно на Грција.

Се стравува дека ако нема договор, очајната ситуација во државата ќе продолжи и дека бројот на бегалци ќе се зголемува. Од денешните преговори меѓу 28 европски лидери, кои доцна ноќеска договорија единствена позиција во разговорите со Турција, ќе се одреди и судбината на околу 47.000 бегалци заглавени во државата.

Од грчка страна засега сè уште нема официјална реакција за договорениот европски план за преговори со Турција. Се молчи и не се реагира предвремено, бидејќи во Атина е повеќе од јасно е дека во Брисел и денес ќе има долго и тешко натегање и пазарење за да се најде заеднички јазик околу европските услови и турските барања. Единствено за кое Грција јасно се изјасни е дека застанува на страна на Кипар, чии претставници истакнаа дека доколку договорот има клаузули кои ќе го засегаат решавањето на кипарското прашање, може да стави вето на договореното.

Грчкиот весник „Катимерини“ коментира дека и да се постигне договор поволен по европските барања, Грција ја очекуваат тешки обврски и нова голгота за спроведување на тој договор. Повикувајќи се на неофицијални информации за потенцијалниот договор, според планот на 28-те лидери, само Грција ќе мора да се нафати на голем административен, правен и оперативен зафат. Европски дипломати за весникот посочиле дека државата ја очекува цунами од технички подготовки и чекори поради големиот број бегалци кои се веќе во државата и големиот број кои стигнуваат секојдневно на грчките острови.

„Првично, европскиот план предвидува да се вратат сите бегалци и мигранти од грчките острови кон Турција. Планот, според грчкото законодавство, е нелегален. Поради тоа Грција ќе мора во следните денови итно да го смени законот за азил, да ја вклучи Турција како безбедна трета држава, за бегалците да може легално да се вратат во Турција. Истовремено, ќе мора да се усвои веднаш забрзување на процесот за издавање азил за барањата да се обработуваат за неколку дена, а не за неколку месеци како што е сега“, пренесува „Катимерини“.

Следниот чекор ќе биде префрлување на бегалците од островите на копно, односно да се испразнат целосно островите за да почне процесот на нивно враќање во Турција. Се оценува дека нема да биде лесен ниту процесот на распоредување на сите бегалци и мигранти во прифатните центри. Бегалците кои се на Идомени одбиваат да одат во мигрантските центри. Тешко ќе биде и брзото регистрирање на сите бегалци и процесирање на барања за азил бидејќи се работи за огромна бројка на луѓе.

На Грција трн во око ѝ е и предлогот дека на секој грчки остров ќе мора да има и турски претставници, кои ќе вршат дополнителна контрола и проверка дека бегалците навистина се дојдени од Турција на островите.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој е во Брисел, вчера при пристигнувањето истакна дека мора да се постигне пристоен договор кој ќе го намали и запре мигранскиот бран од Турција кон грчките острови, но и договор кој ќе создаде стабилен, легален пат за пренесување на бегалците од Турција кон ЕУ и ќе овозможи помош за грчко справување со хуманитарната криза на Идомени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...