„Павел Шатев“: За ВМРО-ДПМНЕ поддршка од 37,9 отсто, за СДСМ – 16,1 отсто

-

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 37,9 отсто од гласачите, а за СДСМ – 16,1 отсто, додека 26,9 проценти не би гласле за ниту една партија, покажува анкетата на институтот „Павел Шатев“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ужива поддршка кај 52,3 отсто од испитаниците, а претседателот на СДСМ, Зоран Заев, има поддршка од 19,1 отсто. Речиси една третина, односно 28,6 отсто од анкетираните, немале одговор на ова прашање.

Во работата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не веруваат 64,3 отсто од испитаниците, а 23,4 отсто имаат доверба во нејзината работа.

Високи 88,4 отсто од анкетираните велат дека обвиненијата на СЈО против високи државни функционери нема да имаат влијание врз нивната одлука за кого ќе гласаат на изборите. Само 5 отсто одговориле дека тоа ќе има влијание.

Неиздржани и политички мотивирани се случаите на Јанева против одредени функционери на власта, сметаат 67,8 отсто од прашаните граѓани.

Анкетата била спроведена телефонски на 1.075 испитаници во периодот од 13 до 15 март 2016 година, а резултатите подлежат на статистичка грешка од 2,5 отсто.

Од Институтот „Павел Шатев“ велат дека целта на анкетата била да се дознаат перцепциите на граѓаните кои во најголем дел гласаат за двете најголеми партии во Република Македонија, односно за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, поради што во истражувањето не биле вклучени испитаници Албанци, со оглед, како што додаваат, дека тие генерално гласаат за албанските партии. Сите други етнички заедници биле вклучени во истражувањето.

САД, Европа и Русија не тестираат нуклеарно оружје од 1996 година

Подземните тестови спроведени од Советскиот Сојуз продолжија до 1990 година, Обединетото Кралство до 1991 година, САД до 1992 година и Кина и Франција до 1996 година. Со потпишувањето на...