fbpx

Грчките земјоделци денеска на протест во Атина

-

Илјадници грчки земјоделци се очекува да се појават на денешниот масовен протест на централниот плоштад Синтагма во Атина. Земјоделци од целата земја денеска делумно ќе се тргнат од блокадите и дел со тракторите, дел со сопствен превоз ќе се упатат кон грчката престолнина, во знак на револт против владините мерки за намалување на здравственото и на пензиското осигурување и кратењето на поволностите и на субвенциите за земјоделците.

Рано изутринава во Атина пристигнаа три траекти со повеќе од 2.000 земјоделци од Крит, кои се подготвени да останат и повеќе денови доколку на денешниот протест се одлучи штрајковите од патиштата да се префрлат пред грчкиот парламент. Кон Атина веќе се движат конвои од Никеа и од Пелопонез.

Грчката сообраќајна полиција има строга наредба од владата да не дозволува пристап на трактори до Атина, поради што се стравува дека се можни судири меѓу штрајкувачите и полицијата. Земјоделците, сепак, тврдат дека не сакаат никакви судири или насилство, туку само да биде слушната нивната порака.

Според инфромациите, доколку полицијата види масовни конвои со трактори, веднаш ќе го блокира патот. На автопатите, атинското пристаниште и околу центарот на Атина се распоредени голем број специјални полициски сили, кои будно ќе го следат движењето на земјоделците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...