fbpx

Грчкиот суд одлучи да се екстрадира пребеган македонски специјалец од „Диво Насеље“

-

Грчкиот Врховен суд одлучи да се екстрадира македонскиот државјанин Дејан Вуковиќ, поранешен началник на антитерористичка единица на Македонија. Според информациите во Грција, за него има потерница во Македонија откако тој избегал од државата по неговото апсење за поседување бомба и марихуана во септември 2016 година.

За конечната одлука за негова екстрадиција треба да одлучи грчкиот министер за правда, а во исто време се чека и одлуката, дали ќе биде прифатено неговото барање за азил во Грција.

Вуковиќ беше уапсен во Солун во февруари. Апелацискиот суд во Солун одлучи за негова екстрадиција, но Вуковиќ потоа поднесе жалба за одлуката до грчкиот Врховен суд.

Адвокатката на Вуковиќ, Наташа Заралиду, изјави дека, „ако тој биде вратен во Македонија таму ќе биде претставен како криминалец и линчуван и дека планираат и натамошна правна активност по одлуката на Врховниот суд.“

Одбраната тврди дека Вуковиќ  ја предводел специјалната полициска единица во случајот „Диво Насеље“ во Куманово. Таа тврди и дека „за време на владеењето на премиерот Никола Груевски тој важел за херој, но потоа бил прогонуван од албанските сили во Македонија, му бил наместен случај за поседување дрога и бомба и поради тоа избегал во Грција.“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За една година – 234 претставки за хакирани профили или уцени преку социјални мрежи

Во 2023 година, Агенцијата за заштита на лични податоци примила 234 претставки од граѓани кои се однесуваат на социјалните мрежи, покажува Годишниот извештај на оваа институција. Според причината за пријавување,...