fbpx

Град Скопје забрани движење на товарни возила за да се намали загаденоста

-

Во петок, 19 декември 2014 година, ќе почне привремениот сообраќаен режем со забрана за движење на товарни моторни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од привремен карактер и ќе се спроведува од 19 декември 2014 година до 31 март 2015 година, во текот на денот, и тоа од 8 часот до 20 часот.

Привремениот режим се воведува како мерка за справување со зголеменото загадувањето на воздухот на подрачјето на градот Скопје.

Од ова решение се изземаат возилата кои превезуваат добиток, лесно расиплива стока, хуманитарна помош, медицински препарати, комунални возила, возилата на ЈГП, превоз на експлозивни, запаливи и отровни материи, возила за превоз на градежни материјали (суров бетон), како и градежна оператива која врши градежни работи на градилиштата за општините во Скопје, Град Скопје и Влада на Македонија.

Од Град Скопје апелираат сите учесници кои управуват тешки товарни возила да се придржуват на поставената сообраќајна сигнализација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...