fbpx

Груевски денеска во Белград на средба со премиерите на Кина, Србија и на Унгарија

-

На заедничкиот состанок со премиерите на НР Кина, Србија и на Унгарија ќе учествува денеска премиерот Никола Груевски. На средбата ќе се разговара за можноста за изградба на експресна железничка пруга од Будимпешта до Солун преку Белград и Скопје.

Груевски ќе има и билатерални средби со дел од учесниците на Самитот на шефови на влади на Кина и на земјите од Централна и Источна Европа. Предвидено е да се сретне и со српскиот премиер Александар Вучиќ и со кинескиот премиер Ли Кечијанг.

На Самитот во Белград, кој почна вчера, присуствуваат и шефот на кинеската влада, Ли Кечијанг, премиерите на Албанија, Унгарија, Словачка, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Естонија, Босна и Херцеговина, Литванија, Летонија, Полска, Чешка и на Романија, како и потпретседателот на хрватската влада.

Во составот на македонската делегација се и вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, и министрите за надворешни работи и за транспорт и врски, Никола Попоски и Миле Јанакиески, кои ќе учествуваат во економскиот дел на Самитот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...