сабота, 13 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: загаденост | 26 резултати

ИДУЕП: Младите од „Отворен Балкан“ бараат властите да поддржуваат дигитални апликации за подигање на јавната еколошка свест

март 17, 2022

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во текот на месец февруари спроведе истражување на тема за потребите и мислењата на младите за заштитата на животната средина. Во фокус групите на ИДУЕП учествуваа студенти од С. Македонија, Албанија и Србија. Според направеното истражување се покажува дека младите во овие земји поттикнувањето на промена во […]

Еко дрон патрола на Град Скопје и „Ергос“ ќе бара загадувачи на животна средина

септември 13, 2020

Градот Скопје во соработка со здружението „Ергос“-Скопје, започна еко дрон патрола, односно прелети со дрон низ територијата на Скопје, во потрага по потенцијални загадувачи, огнови на отворено и евентуални создавања на диви депониии. -„Ергос“-Скопје во партнерство со Центарот за одржлив развој „Елипса“ досега реализицираше 12 прелети со еко дрон над земјоделските површини во околината на […]

Општина Тетово не ги спроведе мерките за загадениот воздух кои самата ги изготви

февруари 3, 2020

„Стратегијата на Општина Тетово против загадениот воздух”, која содржи вкупно 22 точки, беше изготвена во времето кога Тетово се наоѓаше на листата на најзагадените градови во светот, поминаа речиси четири години, но никогаш не се реализираше целосно, пишува „Порталб.мк“. Жителите на Тетово само последните недели вдишуваат воздух што е од четири до осум пати позагаден […]

Водата од Билјанини Извори неисправна за пиење

мај 16, 2019

Денешните наоди од физичко-хемиска и микробиолошка анализа на водата од изворот Билјанини Извори, спроведени од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) од Охрид, покажуваат дека водата од изворите содржи патогени бактерии и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата е микробиолошки неисправна и не е здравствено безбедна за пиење. Наодите се доставени до соодветните инспекциски служби […]

Комплетирана независната мрежа на 7 мерачи на аерозагадување во Битола

март 21, 2019

Со три нови сензори, поставени на локации во Битола – Баир, Бадембали и Декорплод, кои се донација на компанијата „Кромберг и Шуберт“ се комплетира независната мрежа на  седум сензори за мерење на загаденоста на воздухот во овој град на неодамна основаната Платформа „Земи здив“, граѓанско здружение, кое го следи квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола […]

Почвата во тетовско има арсен 2,5 пати над дозволеното, велат од „Вила Зора“ и „Еко герила“

март 6, 2019

Испитувањата на почвата во тетовско велат дека таа е загадена со арсен два и пол пати над дозволените вредности, покажува истражувањето кое го спровеле еколошките организации „Вила Зора“ од Велес и „Еко Герила“ од Тетово. Ова на денешната презентација на Унниверзитетот на ЈИЕ во Тетово го соопшти Аријанит Џафери од тетовската еколошка организација „Еко Герила“. Притоа […]

Во Прилеп поставена станица за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух 

декември 31, 2018

Денеска Прилеп доби мерна станица која ќе го покажува квалитетот на амбиенталниот воздух во градот. „Мерната станица е поставена во центарот на градот, на зградата на Општина Прилеп. Со тоа е исполнето изборното ветување на градоначалникот Илија Јованоски дека граѓаните на Прилеп ќе имаат точни информации за загаденоста на воздухот. Со подетални информации за мерната станица, јавноста […]

Граѓаните во Тетово бараат повеќе контејнери за отпадоци

ноември 26, 2018

Имајќи предвид дека отпадоците во контејнери не се селектираат и распоредот на нивното собирање не е задоволителен, граѓаните од Тетово бараат од властите да распоредат повеќе контејнери за отпадоци, за да се спречи нивната пренатрупаност и со тоа одржувањето на чистотата во градот ќе биде поефикасна, пренесува „Порталб.мк“. Во повеќето случаи, контејнерите се полни, а граѓаните се жалат […]

Граѓаните на протест пред Владата побараа итно справување со загадувањето

декември 16, 2017

Неколку стотини граѓани денеска под мотото „Станете за чист воздух“ протестираа пред Владата барајќи итно решавање на проблемот со енормното загадување. Активистите и граѓаните побараа властите, кои ветија дека ќе го решат проблемот со загадувањето, да почнат да ги имплементираат ветувањата и да ги идентификуваат и казнат загадувачите. Основачот и извршен директор на првата детска […]

Голема загаденост на воздухот во Скопје

декември 9, 2017

Воздухот во Скопје и утрово беше многу загаден. Концентрациите на ПМ10-честичките измерени од мерните станици на Министерството за животна средина и прoсторно планирање се движеа од 129 микрограми на еден кубен метар во Гази Баба, 142 во Центар, 167 во Карпош, 172 кај Ректорат, до 230 микрограми на еден кубен метар во Лисиче. Според мерењата […]

Нов пораст на загаденоста на воздухот во Скопје – најмногу ПМ10-честички во Лисиче

февруари 5, 2017

Попладнево најзагадена скопска станица е Лисиче. Според податоците на мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање во 18 часот концентрацијата на ПМ10-честичките во Лисиче била 576,32 микрограми на метар кубен, во Гази Баба 547, кај Ректорат 520,01, во Карпош 379 и во Миладиновци 223,40. Синоќа мерните станици измерија рекордна загаденост во општина […]

Скопје се задушува во ПМ10-честички, во Карпош нивото беше 24 пати над дозволеното

февруари 5, 2017

Загаденоста на воздухот во Скопје утринава е од четири до седум пати поголема од максимално дозволената граница пропишана во Европската Унија, односно 50милиграми честички на еден кубен метар. Утринава во девет часот, според податоците на мерните станици, нивото на ПМ10-честичките во скопските општини изнесувало: Ректорат 379,41 милиграми на кубен метар, Центар – 323,27 милиграми, Карпош – 305,86 […]

Забрането издавањето предупредувања за загаденост во Кина

јануари 18, 2017

Кинеските медиуми објавија дека метеоролошката служба им наложила на локалните станици да престанат да издаваат предупредувања за загаденоста на воздухот. Локалните метеоролошки бироа вчера се известени „веднаш да престанат да издаваат предупредувања за загаденоста на воздухот“. Известувањето е објавено на кинеската социјална мрежа „Виебо“, слична на „Твитер“. Локалните станици можат да објават предупредување за магла, […]

Водата во Тетово е забранета за пиење

јули 22, 2016

Водата од тетовскиот градски водовод е неисправна за пиење. Мерењата направени попладнево покажале голема заматеност на водата. Параметарот на заматеност изнесувал 60 единици, иако дозволената граница за заматеност е  1,6 единици. За два часа заматеноста на водата се намалила и моментално нејзиниот параметар изнесува 16 единици. Од Центарот за јавно здравје Тетово препорачуваат водата да не се […]

Интернет-петиција: Тодоров да се напие вода од Дојранско Езеро

јули 12, 2016

Изјавата на министерот за здравство, Никола Тодоров, дека водата во Дојранското Езеро е исправна, поттикна интернет-петиција со која се бара тој да се напие чаша вода од езерото. „Бидејќи делата се погласни од зборовите, бараме министерот да стави крај на дилемите на граѓаните и со свечено пиење чаша вода од Дојранско Езеро да ни покаже дека […]

Вечерва ќе се прска против загадениот воздух

декември 16, 2015

Вечерва во 20 часот ќе продолжи третирањето на сообраќајниците со калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух, најавија од Град Скопје. „Со средството калциум магнезиум ацетат ќе се прскаат булеварот Свети Климент Охридски и улиците Свети Кирил и Методиј и Јордан Мијалков, во центарот на градот, како и […]

СДСМ: Граѓаните и денеска дишат отров наместо воздух

декември 6, 2015

Граѓаните на Македонија и денеска дишат отров наместо воздух, обвини СДСМ преку соопштение. „Мерните станици постојано покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија. Според официјалните податоци од мерните станици, загадувањето на воздухот во Скопје изнесува речиси 10 пати повеќе од дозволеното. Во Битола и во Тетово честичките ПМ10 изнесуваат фрапантни 12 пати повеќе од дозволеното, додека во […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да дише поради воздухот на нивната тоталитарна реторика

декември 2, 2015

На обвинувањата од опозицијата дека власта е одговорна за загаденоста на воздухот, од ВМРО-ДПМНЕ го прашуваат СДСМ, што тие презеле за подобрување на квалитетот на воздухот кога имале можност за тоа. „Недостигот од воздух кај СДСМ е директно поврзан со ефектите на нивните фашистички предлози за Законот за медиуми“, возврати ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на СДСМ за загадувањето […]

Скопје, Тетово и Битола два дена дишат само отров

декември 2, 2015

Најалармантни податоци за загадувањето во Македонија се од мерната станица во Тетово, каде во 9 часот утрово се измерени 516 микрограми или десетпати повеќе од дозволеното, а во текот на ноќта максималното ниво изнесувало 833, пишува на страницата на која се објавуваат податоците за загаденост. Рекордот синоќа го држеше Битола, со аерозагадување од 919 микрограми ПМ10-честички […]

Загаденоста во Скопје двапати повисока од дозволеното

декември 22, 2014

Загадувањето во Скопје утрово е двапати повисоко од дозволеното според податоците измерени во 10 часот. Нивото на канцерогените  суспендирани ПМ10-честички изнесува 118,84 микрограми на еден кубен метар од дозвелени 50 микрограми. Моментално, многу високо ниво на ПМ10-честичките е забележано во скопската наслеба Лисиче и во општина Тетово. Во скопските општини Центар, Карпош, Гази Баба и […]

Страна 1 од 2