fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да дише поради воздухот на нивната тоталитарна реторика

-

На обвинувањата од опозицијата дека власта е одговорна за загаденоста на воздухот, од ВМРО-ДПМНЕ го прашуваат СДСМ, што тие презеле за подобрување на квалитетот на воздухот кога имале можност за тоа.

„Недостигот од воздух кај СДСМ е директно поврзан со ефектите на нивните фашистички предлози за Законот за медиуми“, возврати ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на СДСМ за загадувањето на воздухот.

„СДСМ не може да дише поради воздухот кој го загади нивната тоталитарна реторика. Затоа СДСМ сака да се зборува за сè, само не за нивната срамна политика која резултира со мизерен рејтинг на нивниот лидер и 2 спрема 1 сооднос во корист на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ, покрај ова, треба да одговори и што воопшто преземале за подобрување на квалитетот на воздухот кога имале можност за тоа. СДСМ треба да каже зошто со прст не мрднале нивните министри и градоначалници. Зошто не смогнале сили барем да постават мерни станици за да се знае квалитетот на воздух во градовите?“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека нивната влада го спровела законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1 април 2014 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...