„Стратегијата на Општина Тетово против загадениот воздух”, која содржи вкупно 22 точки, беше изготвена во времето кога Тетово се наоѓаше на листата на најзагадените градови во светот, поминаа речиси четири години, но никогаш не се реализираше целосно, пишува „Порталб.мк“.

Жителите на Тетово само последните недели вдишуваат воздух што е од четири до осум пати позагаден од дозволеното.

Не повеќе од пред три години, жителите на Тетово преживеаја една година со многу загаден воздух. Мерењата на квалитетот на воздухот регистрираа 298 денови во кои имаше присуство на токсични супстанци над дозволеното 50 милиграми на метар кубен ПМ10-честички.

Во соработка со Арианит Џафери од „Еко герила“ и Елмедина Абдулахи од „Мајка и дете“ информираме дека од вкупно 22 точки, надлежните од Општина Тетово имаат реализирано само шест, и тоа делумно.

Реализирани се:

• (Точка 4) Територијалната противпожарна единица во Тетово, постојано препорачувала чистење на оџаците.
• (Точка 7) Во Тетово се врши чистење на улиците и тротоарите. Меѓутоа, тие се чистат делумно и тоа со рачни метли.
• (Точка 13) Формирано е претпријатието за јавен превоз два пати по ред, иако автобуси нема.
• Тетово има зонско паркирање.
• (Точка 17) Во текот на годината, има 1 ден, кога за неколку часа се забранува движењето на возилата во одредени зони од градот.
• (Точка 20) Во неколку делови од градот, поставени се ЛЕД ламби.

Елмедина Абдулахи од невладината организација „Мајка и дете” изрази загриженост за нивото на загаденост на воздухот во Tетово, и истакна дека надлежните за решавање на оваа проблематика се крајно пасивни и не ја спроведуваат ниту стратегијата која што самите ја имаат изготвено.

„Многу сме навредени од пасивноста на Општина Тетово во врска со ова прашање. Постојаното загадување на Тетово е нивна одговорност. Додека јавните објекти се греат со нафта, малите фабрики кои имаат Б-дозвола не се контролираат редовно, овој град се уште нема јавен превоз, самата градоначалничка Арифи, не може да рече дека направиле нешто конкретно за спречување на загадувањето. Пред три години од надлежните примивме документ-стратегија за подобрување на воздухот во Тетово, секоја точка од тој документ остана без да се исполни. На хартија е лесно да се најде решение, прашањето е колку истото се реализира на дело,“ изјави Абдулахи за „Порталб.мк“.

Денес, откако поминале 3 години реализацијата на истион потфрли, од Општина Тетово овие мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, ги нарекуваат едноставно „група активности што можат да се преземат”.

„Што се однесува до точките за кои се интересирате, ве информираме дека тие не претставуваат стратегија на општината за заштита од аерозагадувањето, туку се едноставно група на мерки и активности што можат да бидат преземени во функција на заштита на квалитетот на воздухот во Општина Тетово” рекоа од Општина Тетово за „Порталб.мк“.