fbpx

Град Скопје: Реагираме со сите можни мерки да ја спречиме загаденоста

-

„Проблемот со загаденоста на воздухот во Скопје е проблем кој е многу комплексен и за решавање на истиот се вклучени голем број институции, вклучувајќи го и Градот Скопје. За потсетување, Градот Скопје е институцијата која со поставувањето на мерачот за загаденост на воздухот ја актуелизираше во јавноста оваа тема, тема што со години е занемарувана и игнорирана од претходните гарнитури“, реагираат од градската администрација на прес-конференцијата на СДСМ.

„Целта на тој проект и поставувањето на мерните станици беше токму информирање на граѓаните со давање точни податоци за загаденоста на воздухот, податоци кои со години се сокривани од граѓаните. Мерната станица што беше поставена кај Домот на АРМ е дислоцирана поради изведувањето градежни работи и тоа е нешто што Градот Скопје го има образложено повеќепати. Дополнително, Градот Скопје во минатото и сега дејствува на ова поле преку голем број мерки, во согласност со законските ингеренции. Градот Скопје учествува во Меѓусекторското координативното тело за квалитет на воздух, формирано заради решавање на проблемите со загадувањето на воздухот со интерсекторски пристап, бидејќи поради комплексноста на проблемот и законските ингеренции, во решавањето на истите се вклучени голем број државни и локални институции и претпријатија“, стои во реакцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...