fbpx

СДСМ: Не функционира речиси целиот мониторинг-систем за проверка на загаденоста

-

Колку треба граѓаните да платат за да дишат чист воздух? Или до кога граѓаните ќе плаќаат и со своето здравје?, праша денеска Пеце Мирчевски, претседател на Комисија за животна средина и просторно планирање на СДСМ.

– Се сеќавате ли дека во Центар, во близина на плоштадот, имаше станица за мерење на загаденоста? Како дел од проектот „Скопје дише“ на градоначалникот Трајановски, скопјани требаше да имаат увид во состојбата со загадувањето. Ама така ќе видеа дека во годината што изминува, повеќе од 240 дена дишеле воздух што е загаден неколкупати повеќе од дозволеното. Па, власта реши да ја тргне. Ја платија со наши пари кога ја поставија, а со нашето здравје кога ја извадија. И не е само таа, и не е само тука. Не функционира речиси целиот мониторинг-систем, а тие станици што функционираат, покажуваат поразувачки резултати – рече Мирчевски.

Од почетокот на годината досега, додаде Мирчевски, жителите на скопско Лисиче дишеле воздух полн со опасна прашина 203 денови.

„Во Тетово, дури 293 денови од годината. Концентрациите на ПМ10 во Кичево достигнуваат и до 389 микрограми на еден кубен метар. Недозволени дневни концентрации на честичките ПМ10 покажуваат 12 од тринаесетте функционални мерни станици на Министерството за животна средина и просторно планирање низ земјава! Неколкупати апелиравме дека е потребно да се преземат итни мерки за да се намали загадувањето, дека треба да се преземат конкретни чекори, а не само да се најавуваат неиздржани и непроверени решенија. Бараме приоритет да биде здравјето на граѓаните! Предупредуваме дека последиците ќе бидат одговорност на неодговорната власт. Граѓаните имаат право на чиста животна средина – заклучи Мирчевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...