fbpx

Гостиварски дуќанџија ја држел вработената заклучена и ѝ барал пари за наводна кражба

-

Гостиварската полиција поднела кривична пријава против Е.Ј. (39), осомничен дека во својот мини-маркет ја држел вработената заклучена, барајќи поголема сума пари како надомест за кражбите што таа, наводно, ги вршела во дуќанот.

Според полицијата, настанот за кој се товари Е.Ј. се случил кон средината на минатиот месец. Сопственикот на мини-маркетот „Арди“ ја заклучил вработената и почнал да ѝ се заканува дека има видеоснимки од камерите во дуќанот на кои се гледа како таа краде од продавницата. Тој на вработената првин ѝ побарал 50.000 евра, потоа 25.000, а на крајот ѝ рекол да му плати 15.000 евра, од нив 10.000 веднаш, а остатокот во наредните денови.

По извесно време тој ја пуштил жената, откако таа се согласила да му ги даде парите што ги барал.

Против дуќанџијата, гостиварската полиција поднела кривична пријава за противправно лишување од слобода.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.