fbpx

Ноќеска на Водно се појавило лизгање на земјиштето

-

Општината веднаш ќе побара од Градежниот факултет во Скопје да ја испита состојбата на земјиштето, над хотелот „Тасино чешмиче“, а потоа ќе се подготви елаборат и ќе се пристапи кон градење потпорен ѕид, соопштија од Општина Центар.

Ова е последица на синоќешното лизгање на земјиштето на таа локација.

Денеска Анреј Жерновски, градоначалникот на Општина Центар, се сретна со жителите на населбата Водно.

Ископот ја загрозува сигурноста на околните градби и стабилноста на земјиштето. Иако во 2009 година се издадени неколку решенија со напомена дека ќе се пристапи кон присилно административно извршување, досега, велат сопствениците на загрозените куќи, инвеститорот на хотелот „Тасино чешмиче“ не само што не постапил по тоа, туку и продолжил со градење.

„Токму поради ова, дел од советниците на советничката група од СДСМ во Советот на Општина Центар и градоначалникот Жерновски се спротиставуваа на промената на деталниот урбанистички план Тасино чешмиче 2, кој имаше цел да дозволи изградба на десеткатница на Водно. Случајот беше пратен и до Уставниот суд на РМ, но уставните судии, со исклучок на судијата Наташа Габер-Дамјановска, се прогласија за ненадлежни за овој случај“, пишува во соопштението од Општина Центар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...