fbpx

Гостивар се прости од полицаецот Горан Илиевски

-

На градските гробишта во Гостивар, со високи државни почести, попладнево беше погребан Горан Илиески-Мече, кој загина во антитерористичката акција на безбедносните сили во Куманово, како припадник на единиците за брзо распоредување. Река народ му оддаде последна почит на загинатиот бранител, кој беше погребан со највисоки почести.

– Неизмернa е тагата и болката за твојата трагична и прерана смрт, која кај нас предизвика чуство на огромна тага и неспокој – изјави еден од колегите на Илиевски.

Илиевски имаше 41 година, беше оженет и татко на малолетно дете. Во Министерството за внатрешни работи бил вработен во 2002 година.

Од вкупно осум загинати полицајци, четворица се од полошкиот регион.

Вчера на градските гробишта во Тетово, со државни и со воени почести, беше погребан 32-годишниот полицаец Сашо Самојловски од Тетово. На гробиштата во Брвеница, роднини, колеги и пријатели се простија од 32-годишниот Жарко Кузмановски од Брвеница, а во гостивараското село Зубовце, беше погребан и 28-годишниот Ненад Серафимовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...