fbpx

Гласањето во општините Охрид и Дебрца почна навреме и е мирно

-

Гласањето во општините Охрид и Дебрца почна во нормална атмосфера и засега изборниот процес тече без проблеми. Во 7 часот беа отворени сите 89 избирачки места.

Во Охрид своето избирачко право ќе го остварат околу 50.200 гласачи, а во Дебарца 3.500 граѓани.

– Подрачното одделение на ДИК во Охрид е подготвено за нормално одвивање на предвремените парламентарни избори на територијата на општините Охрид и Дебарца – вели раководителката на подрачното одделение, Марга Димкоска.

Претседателот на општинската изборна комисија, Димитрие Вревезоски, вели дека граѓаните навреме ќе бидат информирани за евентуални нерегуларности во гласањето.

Засега сè тече мирно, со тоа што групи и поединци од одделни партии можат да се забележат пред повеќе гласачки места.

Исто така, масовна е појавата на активисти на одделни партии по телефон да ги повикуваат гласачите и на сите што сакаат им се нуди превоз до гласачките места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...