fbpx

Гаспар: Протест нема да има ако лекот трикафта се набави што поскоро

Нè известија во Министерството за здравство дека цело време се во контакт со фирмата што треба да го набави лекот, рече Фики Гаспар од Асоцијацијата за цистична фиброза

-

Претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза, Фики Гаспар, по денешната средба во Министерството за здравство, рече дека ако сè се одвива според договореното околу лекот трикафта, протести нема да има. Тој кажа дека на состанокот во министерството било посочено дека работната група што ја чекале да заврши со работа веќе е при крај и дека ќе се направи системско решение за тоа кои пациенти треба да го примаат лекот трикафта, а ќе има и забележување на состојбата на пациентите за да може да се почне со набавка на терапија.

„Нè известија дека цело време се во контакт со фирмата што треба да го набави лекот“, рече Гаспар.

Тој потсети дека се размислува за протест во овој период, но ако работите што им биле кажани се движат во добра насока, протест нема да има.

„Ќе имаме повеќе информации од Министерството за здравство во рок од една недела или две. Немаме простор за чекање. Доколку целото членство гласа дека не сме задоволни, претпоставувам дека ќе се оди на протест“, додаде Гаспар.

Дванаесет пациенти добиваат трикафта. Овој лек значително ја олеснува болеста на лицата со цистична фиброза. Целта на Асоцијацијата е да се избори лекот да го добијат сите пациенти во државата, кои се околу 130.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...