[ФОТО] По три месеци повторно демолирана куќичката за размена на книги во скопскиот Градски парк

Фото: Мета.мк

Малата улична библиотека што во февруари беше реобновена и повторно поставена во Градскиот парк во Скопје уште еднаш се најде на мета на уништување на несовесните минувачи и посетители на паркот.

Не помина ни половина година отатко беше поставена таа повторно е демолирана, исчкртана со написи, а една од вратичките недостасува додека другата го чува сѐ уште сега празниот горен кат на куќичката.

Фото: Мета.мк

„Во текот на еден месец истата оваа куќичка беше санирана четири пати, три пате е заварувана вратичката и четири пати се сменети кваките“, објаснуваат за Мета.мк од воспитно образовната установа, ДКЦ – „Карпош“ што уште од 2019 година ги поставува куќарките за размена на книги на различни локации низ Скопје и покрај упорноста на некои од граѓаните да ги уништуваат.

Фото: Мета.мк

Од ДКЦ – „Карпош“ додаваат дека во моментов се бара нова локација за позиционирање на малата улична библиотека што повторно ќе се подигне, санира и постави да им служи на граѓаните.

Мета.мк претходно пишуваше за успешното функционирање и размена на книги што е главната намена на куќарките. Оставивме една книга која по неколку денови беше земена и на нејзино место беа оставени нови книги и списанија со литература за деца и возрасни. За жал по уверувањето на терен, по три месеци куќарката е празна и запуштена.

Книжевната среќа успешно се шири преку малите улични библиотеки во Скопје