Фото: Арбнора Мемети

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со претставници на приватните млади специјализанти кои работат во ковид центрите во рамки на Клинички центар.

На состанокот се разговарало за регулирањето на нивниот статус, како и условите во коишто работат.

Филипче, како што се наведува во соопштението, истакнал дека Министерството за здравство и оваа Влада отвориле можности секој млад здравствен работник својата иднина да ја гледа во јавното здравство во земјава и таквата политика ќе продолжи.

„Инвестирањето во младите е најважно, затоа што тие се иднината во јавното здравство. Клучно за креирањето на здравствените политики е учеството на младите здравствени работници. Наша цел е да го решиме статусот на младите лекари во земјава со трајно вработување,“ рече Филипче.

Разговорите ќе продолжат, а следниот состанок е закажан за наредната недела.