fbpx

Фатон Ахмети се повлекува од директорувањето во ФЗО за да му се посвети на Али Ахмети

Во „негово време“ се случи хаварија во системите во ФЗО, поточно во февруари годинава, по сајбер нападот на системот на ФЗО, тој не присуствуваше на брифингот за новинари да објасни што се случува

-

Фатон Ахмети, денеска на социјалните мрежи објави дека си поднесува оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Во својата објава напишал дека поднел оставка за да се посвети на партиските задачи со максимална посветеност во реализација на визијата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Тој на оваа позиција беше назначен пред две години. Во „негово време“ се случи хаварија во системите во ФЗО. Во февруари годинава, по сајбер нападот на системот на ФЗО, тој не присуствуваше на брифингот за новинари да објасни што се случува. Не беше присутен ниту еден информатички експерт кој работел на отстранувањето на проблемот.

Директорката Магдалена Грашкоска тогаш рече дека ИТ експертот по напорна работа имал влошено здравје и бил хоспитализиран.

„Не сум ИТ стручно лице и се потпирам на информациите на експертите. Она што можам да кажам е дека на 6 февруари забележавме технички проблем и ги исклучивме системите. Пријавивме во МВР и во исто време почнавме со дијагностика. Се соочивме со два тешки момента – од една страна со сајбер напад, а од друга, со момент кога сфативме дека решавањето ќе потрае и дека треба да преминеме на преодни решенија со цел да функционираме“, рече тогаш Грашкоска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Судот ја обврза германската влада да преземе итни мерки против штетните гасови

Германската влада мора да преземе дополнителни итни мерки против емисијата на штетни гасови од возилата и зградите, одлучи германскиот Вишиот управен суд Берлин-Бранденбург, пренесува германската новинска агенција ДПА. Судот ја...