fbpx

Европски суд на правда: Трансферот на податоци од ЕУ во САД е нелегален

-

Системот кој им овозможува на илјадници компании да пренесуваат податоци од ЕУ во САД е нелегален, соопшти денеска Европскиот суд за правда.

Судот донел пресуда во полза на еден австриски студент по право, кој тврдел дека трансатлантскиот договор за заштита на податоците не ги штити потрошувачите на соодветен начин.

Случајот се темели на наводната практика на „Фејсбук“ да доставува информации до американските разузнавачки служби.
Пресудата на Европскиот суд на правдата би можела да има далекусежни последици по технолошките компании што работат во Европа.

Во образложението на пресудата се наведува дека властите во Ирска, каде се наоѓа европското седиште на „Фејсбук“, сега мора да спроведат истрага за тоа дали треба да се суспендира трансферот на податоци за европските корисници во САД.

Судот смета дека договорот што го склучиле Европската комисија и властите во САД не ја елиминира потребата локалните агенции за заштита на приватноста да проверат дали американските компании преземаат адекватни мерки за заштита на информациите.

Овој договор меѓу ЕУ и САД беше на сила 15 години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...