fbpx

Европски синдикат: Штрајк – да, ама и паралелни преговори

-

Систем на евалуација на наставници кој се гради врз основа на казни никогаш нема да создаде лојални претставници и секогаш ќе се бара начин како тој да се заобиколи. Таков систем не е објективен и постои можност за субјективно оценување на наставнциите, вели Мартин Ромер, претседател на Европскиот синдикат за образование во врска со генералниот штрајк на СОНК.

Тој денеска се сретна со преставници на СОНК и со министрите за образование и наука, Абдилаќин Адеми, и за труд и социјална политика, Диме Спасов, за да ги придвижи преговрите меѓу Владата и СОНК.

– Целосно го поддржувам штрајкот на СОНК и дојдов тука да видам дали може да најдеме простор за сите засегнати страни да седнат на преговарачка маса. Многу е важно да се одржи социјален дијалог, а тоа беше и првата порака што им ја пренесов и на министрите на средбите утринава – рече Ромер.

Според Ромер, некои од барањата на СОНК се од исклучителна важност и не се против методот на евалуација, туку под знак прашање се резултатите и последиците од тој модел.

– Македонија има развиено еден чуден модел на евалуација, со кој се предвидува казнување на наставниците. За овој случај можам да кажам дека не е добар изум бидејќи македонските наставници треба да плаќаат казни. Ова е целосно неприфатливо. На меѓународно ниво, не може да најдете докази дека казните даваат добри резултати и образованието преку казни не е функционира затоа што тоа не е борбено поле – вели Ромер.

Тој вели дека во Европа не постои случај на заменици-наставници кога има штрајк.
– Во Европа нема случај на носење заменици-наставници во случај на штрајк. Правото на штрајк може да се изразува на многу начини, но носење заменици-наставници и не соодветно со легитимното право на штрајк – вели Ромер.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...