fbpx

Еуросупер БС-95 и дизелот од ноќеска поевтинуваат за еден денар

-

Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 и Еуродизел (Д-Е V) од ноќеска се намалува за еден денар по литар, додека Еуросупер БС-98 поевтинува за половина денар по литар, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од полноќ на бензинските станици низ земјава Еуросупер БС-95 ќе се продава за 109 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 111,5 денари за литар, додека дизелот ќе може да се набави за 109 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,986 денари за килограм и од ноќеска ќе чини 53,305 денари за килограм. Цената на екстра-лесното масло за домаќинство не се менува и тоа и понатаму чини 109 денари за литар.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиов период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,35 отсто.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 0,945 отсто, кај дизелот за 1,174 отсто, кај екстра лесното масло има зголемување за 0,425 отсто и кај мазутот има намалување од 1,806 отсто.

Напишете коментар

Македонија во 2023: Ако сакаш да патуваш, мора да одиш до станица за да си купиш билет

Скопје, тмурно саботно утро во февруари. Тројца пријатели испланирале дневно патување до Штип и се упатуваат на меѓуградската автобуска станица. На билетара дознаваат дека автобускиот превозник одлучил дента да...
Download Best WordPress Themes Free Download
Free Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=
download lenevo firmware
Download WordPress Themes
online free course