fbpx

Ердоган: Гулен е поголема закана и од ПКК

-

Движењето на имамот Фетулах Гулен претставува поголема закана за Турција од членовите на Кудрската работничка партија (ПКК), изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Денес, на меѓународен план, дури ни терористичката организација ПКК во толкава мера ѝ нема наштетено на Турција како „паралелната структура“ на Гулем – изјави Ердоган.

Турскиот претседател на својот поранешен сојузник Гулен му префрла дека создал „мрежа на валкани односи“ со меѓународната заедница, чија единствена цел е да ја оцрни конзервативната исламска влада.

Транснационалното движење на Гулен, кој од 1999 година живее во САД, го сочинуваат школи, невладини организации, медиумска куќа и компанија.

Движењето го поддржуваше и го бранеше режимот на Ердоган од војската и од елитата во земјата. Сепак, Ердоган му објави војна минатата година откако изби корупциски скандал.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска Давкова се сретна со ректорите на државните универзитети

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се состана со ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“, „Св. Климент Охридски“, Државниот универзитетот во Тетово, како и универзитетот „Мајка...