fbpx

Владата ќе вработи 3.000 луѓе со договор на дело

-

Повеќе од 3.000 луѓе ќе бидат вработени во редовен работен однос, информираше вицепремиерот Владимир Пешевски за одлуката на Влаата на Република Македонија.

Овие лица кои се вработени во државните институции на определно работно време, волонтери со договори, договори на дело или авторски договори, ќе бидат вработени на неопределено време.

– Сите ангажирани лица кои не се во редовен работен однос, најмалку три месеци, заклучно со 30 ноември 2014 година, ќе може да го оставарат правото на договор на неопределено време – истакна вицепремиерот Пешевски.

Законот стапува на сила по донесувањето во Собранието, а институциите имаат рок од 30 дена да склучат договори со лицата.

Договорите ќе се склучуваат во три групи етапно. Првата веднаш, во која ќе бидат вклучени 35 отсто од лицата со вакви договори, втората од 1 декември 2015 година и третата од 1 септември 2016 година.

Приоритет ќе имаат оние лица што се ангажирани најдолго време со вакви договори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...