Ердоган го одби безвизниот режим на ЕУ

-

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ја одби понудата на Европската Унија да воведе безвижен режим во замена за смена на турските закони за тероризам.

– Ние ќе одиме по својот пат, а вие одете по вашиот – рече Ердоган, а пренесува „Би-би-си“.
ЕУ побара од Турција да ги измени своите закони за тероризам во замена за воведување безвизен режим за граѓаните на земјата.

ЕУ побара од Анкара да ја стесни својата дефиниција за тероризам и терористички организации, која е значително поширока од дефинициите што се прецизирани во законите кои владеат во делови од Европа.

Планот е дел од поголемиот договор, кој подразбира враќање на сириските бегалци од Грција во Турција за да се ублажи ситуацијата со бегалската криза во Европа.

Ердоган тврди дека Турција не може да ја стесни дефиницијата затоа што државата се наоѓа под голема закана од терористи, додека одредени опозициски партии сметаат дека дефиницијата е наменета за задушување на опонентите, критичарите, новинарите и на „одметнатите“ академици.

Од ЕСМ за хаваријата во РЕК Битола го обвинија СДСМ

Новото раководство на АД ЕСМ ја обвини претходната власт предводена од СДСМ за катастрофалната состојба во која ја затекнало компанијата, посочувајќи дека РЕК Битола и РЕК Осломеј се во континуирана борба...

Фронт 21/42: Институциите не постапуваат по претставката за хотелот во Горица, законите не важат во Охридскиот Регион

И покрај поднесената претставка од страна на 25 граѓански организации, ниту една од надлежните институции не постапила во законски предвидениот рок во врска со незаконската изградба на хотелот во охридската населба...

СДСМ: Наместо да го стабилизира системот, раководството на ЕСМ измислува саботажи

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ја обвини управата на АД ЕСМ за, како што велат, „распад на енергетскиот систем“ и за обид да се прикрие сопствената неспособност преку тврдења за наводни...

Блок 2 на РЕК Битола исклучен поради пожар, комбинатот надвор од функција

Вториот од трите блока на Рударско-енергетскиот комбинат Битола утрово бил автоматски исклучен од електроенергетскиот систем по активирање на заштитниот механизам, соопшти АД ЕСМ. Во соопштението не баш прецизно се наведува дека вториот...

Од ЕСМ за хаваријата во РЕК Битола го обвинија СДСМ

Новото раководство на АД ЕСМ ја обвини претходната власт предводена од СДСМ за катастрофалната состојба во која ја затекнало компанијата, посочувајќи дека РЕК Битола и РЕК Осломеј се во...