fbpx

„Епл пеј“ наскоро пристига и во Европа

-

Компанијата „Епл“ би можелa на почетокот од следната година да ја воведе својата услуга за плаќање со мобилен телефон „епл пеј“ и во Европа.

Според информации на порталот „Зон-нумерик“, информатичката куќа е во преговори со британските банки за да го понуди сервисот во Велика Британија.

Британскиот весник „Телеграф“ пишува дека најголемите финансиски установи во Велика Британија се заинтересирани за соработка со „Епл“, за да понудат решение за мобилно плаќање, услуга која доживеа голем успех во САД.

Апликацијата за мобилно плаќање „епл пеј“ е вградена во новите телефони на „Епл“, „ајфон 6“ и во најновиот паметен часовник, кој беше претставен на 9 септември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...