fbpx

СДСМ ја обвинува власта за проблемите со струјата

-

Повеќе од 48 часа во темнина живеат жителите на десетина села во општината Могила. Велат дека според информациите со кои располага нивната партија, говорат за рестрикции на струја во скопските општини, обвинува СДСМ.

– Од неделата струја нема во Ивањевци, Новоселани, Подино, Лознани, Свето Тодори, Трновци, Вашарејца и во Ношпал. Струја нема и во Маврово, Ростуше. Од сабајле има испади на далекуводите на МЕПСО кај Вруток –  Тетово. До Комисијата за енергетика на СДСМ синоќа стигна информација од Вевчани дека и таму жителите два дена се без струја. Луѓе стравуваат дека ќе бидат без струја и наредните денови поради дефект на далновод помеѓу Струга и Дебар. Информациите со коишто располагаме говорат за веќе направени рестрикции на струја во скопски општини. Ова власта го крие – обвини Атанаско Тунески, член на комисијата за енергетика во СДСМ.

Од партијата велат дека најмалку што можеле од МЕПСО е да им се извинат на граѓаните за катастрофалните барок-политики.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...