fbpx

Еко-активистите по средбата кај Пендаровски: Надлежните не се координирани, затоа сме таму каде што сме

-

Забрана за увоз на отпад, преиспитување на сите елаборати и дозволи за изградба на мали хидроцентрали во заштитените подрачја, заеднички интервенции на полиција и инспекторите за животната средина на целата територија на државата, како и контрола над дивоградбите во целата земја. Ова се четирите клучни барања на претставниците на еколошките граѓански здруженија со кои тие настапија на седницата на Советот за национална безбедност што се одржа синоќа во претседателската вила „Билјана“ на Водно, на покана на претседателот Стево Пендаровски.

Неофицијално дознаваме дека на седницата на Советот за безбедност жестоко се дискутирало на тема на увозот на отпад, посебно за увозот на опасен отпад, помеѓу претставниците на граѓанските иницијативи и заменик-министерот за животнаа средина, Јани Макрадули, кој исто така присуствуваше на седницата на Советот. Макрадули тврдел дека во Македонија не се увезувааа опасен отпад, но присутните  му посочиле дека сајтот на Министерството за животна средина содржи податоци за увоз на опасен отпад.

„Ова е последната врата на која влегуваме за да разговараме за овие проблеми во последниве шест години, повеќе нема да одиме да преговараме туку ќе останеме на улиците се до решавањето на проблемите“, изјави Дуле Груевски, еко-активист од Битола, кој заедно со Арјанит Џафери од „Еко Герила“ и Татјана Чакулев од „О2 Иницијатива“, беше претставник на граѓанскиете еко-иницијативи.

Тој вели дека впечатокот кој претставниците на граѓанскиот сектор го стекнале за време на двочасовната средба со државниот врв кај претседателот Пендаровски е дека не постои добра координација на надлежните државните органи и министерства.

„Кога ќе седнете на масата со целиот државен врв и кога ќе се разговара за проблем за кој вината нема да може да се префрла на некој друг кој не е на масата, ќе се види целосната некоординираност на надлежните органи која и не донесе тука каде што сме“, рече Груевски и додаде дека „од средбата на највисоко ниво и очекуваат да донесе решенија на највисоко ниво“.

„Имаше разновидна дискусија за прашањата кои ги наметнавме како приоритетни за решавање“, изјави за „Мета“ Аријанит Џафери од „Еко Герила“ од Тетово. Но, без оглед на тоа што сме свесни дека Советот за безбедност со кој претседава претседателот на државата е само советодавно тело, сепак очекуваме дека од вчерашната средба ќе произлезат некакви насоки, препораки, совети со надлежните органи и институции за поефикасно решавање на проблемите од областа на животната средина, вели Џафери.

Сепак, од кабинетот на претседателот Пендаровски денес за „Мета“ соопштија дека од седицата на Советот не произлегле никакви конкретни заклучоци со кои би се давале сугестии или насоки за идно дејствување на државните органи на планот на решавањето на проблемот со загадувањето.

„Доколку имаше заклучоци, тие ќе беа формулирани уште на самата седница на Советот“, информираат од кабинетот на Пендаровски.

По средбата, од кабинетот излегоа со соопштение во кое се истакна ставот на шефот на државата дека проблемите во делот на заштитата на животната средина треба да се решаваат подобро и системски, но дека оваа тема не треба да се политизира и да се користи во дневно-политички препукувања.

„Никогаш до сега во историјата на нашата земја на толку високо и репрезентативно политичко ниво не е разговарано за овој проблем кој станува се поакутен, не само кај нас, не само во нашиот регион, туку насекаде во светот“, се вели во соопштението.

Пендаровски потсетил дека и во неговото годишно обраќање се заложил за зголемување на државниот буџет за заштита на човековата околина, кое, како што нагласи, би морало во наредните години да биде што е можно побрзо и што е можно поблиску до просекот на земјите членки на Европската Унија.

Според Претседателот и поглавјето 27, што се однесува на заштита на човековата околина, се смета за едно од најтешките и едно од најскапите во преговорите, и во тој дел мораме добро да се подготвиме.

„Еве сега на седницата чувме од дел од учесниците дека поглавјето 27 според проценка на преговарачите од Црна Гора, која е прилично одмината во тие преговори, тие сметаат дека во една декада би ги чинело милијарда ипол евра. Ако одиме по тие параметри, значи уште сега би можеле да кажеме една цифра, како една груба проценка,  дека нас поглавјето 27 би не чинело над 5 милијарди евра. Значи станува збор за исклучително важен сегмент од животот на луѓето“, рече претседателот Пендаровски, по завршувањето на втората седница на Советот за безбедност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Мал одѕив на претседателските избори во општините со мнозинство албански гласачи

Големи разлики се гледаат во одѕивот на граѓаните во некои општини на парламентарните и претседателските избори денеска. Во Изборната едница 6, но и во другите општини каде што доминира...