fbpx

Едно лице загина, четворица се повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Струга

-

Едно лице го загуби животот, а  уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Струга, во близина на „Еврохотел“. Нeсреќата се случила синоќа, околу  20 часот, на регионалниот пат Струга – Охрид.

Тројца од повредените се префрлени во болницата „Св.Еразмо“, а едно лице е задржано во градската болница во Струга.

На местото на настанот извршен е увид во присуство на јавен обвинител.

До несреќата дошло кога патничко возило „фиат караван“ со кичевски регистарски таблички, од засега непознати причини, излетало од патот, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...