fbpx

Дваесет деца со срцеви маани и нивните семејства на летен камп во Струга

Преку овој камп целта на Клиниката Жан Митрев е да ја продолжи грижата и терапевтскиот процес надвор од болничкото окружување, во природна атмосфера и соодветен амбиент, стои во соопштението

-

Во Струга, на летен камп наречен „Моето срце во сите бои“ годинава учествуваат повеќе од 20 деца со вродени срцеви маани и нивните семејства.

Кампот трае една седмица, а е дел од рехабилитациониот процес после медицинскиот третман.

Тој се одржува 15-та година по ред, а е организиран од Клиника Жан Митрев во соработка со Црвен крст на Град Скопје.

Фото: Клиника Жан Митрев

„Преку овој камп целта на Клиниката Жан Митрев е да ја продолжи грижата и терапевтскиот процес надвор од болничкото окружување, во природна атмосфера и соодветен амбиент. Сите активности, играта, забавата и дружбата се искомбинирани со психолошки, интерактивни и физиотерапевтски вежби со кои се поттикнува физичкиот, емотивен и социјален развој и по напуштањето на болницата“, се вели во соопштението.

Рехабилитационите активности се одвиваат под надзор на тим доктори и терапевти – психотерапевт, лиценциран психолог и семеен и системски советник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УНЕСКО ја додели наградата за слобода на медиумите на палестинските новинари

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...