fbpx

Дрвјата во Расадник родија згради (герила-акција)

-

Во интересна герила акција група граѓански активисти денеска искажаа протест против градењето без контрола во општина Кисела Вода, односно најавата за изградба на згради на просторот на Расадникот.

„Дрвјата во Расадник родија згради. Македонија е земја на чудата, чуда се случуваат секој ден насекаде околу нас, а нам ни останува само да се чудиме. Најчудно од сè е како во еден од најзагадените градови на светот и во еден негов дел, кој што веќе е густо населен и има огромна фабрика загадувач, општинарите сакаат да направат ни помалку ни повеќе туку 100 нови згради во простор кој што претставува оаза на природата во центарот на градот. Просторот наречен Расадник некогаш бил периферија на градот, а градот се развивал и растел околку него. Токму затоа тој останал остров на биодиверзитетот, во самиот град на просторот Расадникот денеска сè уште живеат голем број диви зајаци, еребици, лисици, фазани, желки, ежови, клукајдрвци и десетици други врсти птици, мали цицачи, влекачи и инсекти. Денеска дрвјата во Расадник еволуираа и родија згради, утре можеби и зајаците ќе протестираат“, порачуваат активистите

Тие велат дека „општинарите и градежната мафијо-индустрија“ мора да еволуираат и да сфатат дека градот не го прават само зградите, туку градот е сложен систем на објекти, простори и вредности во кој место треба да има и за дрвјата и за луѓето и за зајаците и за пољанките.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...